Оваа стара рецепта од тефтерот од свекрва ми, која многу едноставна, а колачиве многу вкусни со посебна арома! :)

1. Пепелта се става во водата и се чека да легне на дното, потоа се користи во тестото исцедена и скоро проѕирна водата, или по друго се вика Цеќова вода.
2. Маслото, гризот, пецивото и шеќерот се промешуваат, потоа се става брашно скоро да не се лепи во раците тестото.
3. Од тестото се прават кругчиња и се редат во плех обложен со готварска хартија. Колачите се печат на 200 степени околу 20 минути.
4. Од шеќерот и водата се вари шербет, потоа изладените колачи се полеваат со подизладениот шербет.

Пепелта се користи исклучиво од дабово дрво. Доколку немате пепел може да се користи пиво.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани