Едноставно и брзо јадење, кое може да послужи како вкусен и екстра брз ручек кој нема многу да го оптовари вашиот желудник, но и како одлична вечера.

Најпрво се вклучува рерната да се загрее додека се подготвува фритатата. На малку загреано масло, се пржи ситно сецканиот кромид и кога ќе зажолти, се додава брокулата исецкана на поситни парченца. Се пржи кратко, додека брокулата малку не омекне. Кога е готово, се трга на страна малку да се излади.

Во еден сад се матат јајцата, се додаваат зачините, млекото, прашакот за пециво, брашното и сирењето. На крај се додава пржениот кромид и брокулата, се заедно убаво се промешува за да се соединат состојките. Добиената смеса се става во калап (може и во долгнавест, но и во обична правоаголна или тркалезна форма), обложен со хартија за печење и се става да се пече. Се пече на 250 Ц, отприлика 25-30 минути или додека убаво не порумени одозгора.

Се јаде додека е топло или кога потполно ќе се излади. Мене ова второво многу повеќе ми се допаѓа.

Најубава комбинација е со свежа зелена салата или со помфит, со додаток на некој убав сос на база на мајонез и павлака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови