1. Квасецот заедно со шеќерот и малку загреаната вода се ставаат во средината на брашното и се остава да се активира квасецот.
2. Во брашното се додава солта и маслиновото масло и се замесува тесто.
3. Тестото се остава да се дуплира на топло за 50-60 минути.
4. Тавичката за печење се намастува и се става гризот и врз него се распределува тестото.
5. Со прсти се прават мали дупчиња за да можи маслиновото масло да влези подлабоко во тестото.
6. Сирењето, доматите и рузмаринот се подредуваат и малку се притискаат за да навлезат во тестото.
7. Врз тестото се посипува маслиновото масо и се посолува.
8. Фокачата се печи 30-40 минути на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови