Во еден сад ги ставаме сувите состојки за тестото ,убаво промешуваме ги додаваме маслото и млаката вода и замесуваме тесто.
Го оставаме да стаса околу 1 час на топло.
Кога ќе стаса тестото го расукуваме и го распоредуваме рамномерно во намастено плехче.
Шери доматчињата ги сечиме на пола и ги редиме на тестото притискајки истото го правиме и со исечканите маслинки и коцкичките сирење.
Премачкуваме со масло. Додаваме оригано по вкус.
Се печи на 200 степени 25-30 минути.
Оставаме да се излади покриено со крпа за да омекни кората, сечиме и послужуваме.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови