1. Јајцата се матат со маталка, во нив се додава јогуртот и двете состојки убаво се мешаат.

2. Потоа се додава прашокот за печиво, прстофат сол и брашното и се меша додека не се добие хомогена смеса.

3. Во така добиената смеса се додава ситно сецкана шунка.

4. Во намрсена и набрашнета тепсија (број 26) рамномерно се распоредува смесата, а врз неа се распоредуваат сирењето, доматот исечен на тенки кругови и ситно сецканите маслинки.

5. Се пече во претходно загреана рерна на 200 степени 20-25 минути.

* На крај се наросува со свеж копар или босилек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани