Лесни за подготовка, без путер, шеќер и безброј калории. Урдата дава посебна мекост и воздушност на овие бухтли.

- Во помал сад го дробиме квасецот, го додаваме кафеавиот шеќер и млакото оризово млеко. Оставаме квасецот да надојди неколку минути. Брашното го просејуваме, го додаваме јајцето, солта, урдата, кокосовото масло, квасецот и замесуваме меко тесто. Оставаме да стаса на топло 20 минути.
- Стасаното тесто го делиме на девет помали топчиња. Во средината на секое топче ставаме по една лажичка мармалад. Убаво ги затвараме за да не излезе мармаладот во текот на печењето.
- Бухтлите ги редиме во намастена тава и оставаме да надојдат уште 10 минути.
- Печеме 20 минути на 200 Ц.

Напомена
Јас ги сервирав со крема од ванила, но може и со пудинг од ванила, крем сир итн.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови