За правење на ова сирење најдобро е да се користи павлака со поголем процент на масленост.
Павлаката се посолува по вкус и се промешува. Потоа во цедалка се става платно за цедење и во него се истура павлаката и се остава да се цеди 48 часа во фрижидер.
Откога е исецедено се дели на три дела во првиот дел се става лук во прав, во вториот дел буковец и во третиот дел ким.
Во тегло се налева до пола со масло, со намрсени раце се обликуваат топчиња со големина по желба. Кога ќе се наполни теглото се дополнува со масло.
Јас пред да ја истурам павлаката во газа ја посолив, меѓутоа кога пробав откога беше исцедено не ми беше доолно солено, значи пробајте сепак е тоа до вкус.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови