Драги мои пријатели, еве стигнав и до мојот 800 објавен рецепт.
Мојата љубов кон готвењето започна многу одамна, кога уште како девојка ги испробував рецептите на мојата мајка од нејзините тефтери.
Таа е “виновна“ за љубовта која ми ја пренесе кон кујната, домот, семејството....
Ти благодарам мамо.
Дружбата на оваа страна ме исполнува, иако секогаш немам време да презентирам се она што сум подготвила во мојата мала, но топла кујна.
Ви благодарам на сите новостекнати пријателства, ви благодарам на сите готвачи кои несебично ги споделувате искустватата и вештините во готвењето, ви благодарам на секој совет, сугестија, пофалба.
Ви благодарам Мои рецепти за секоја добиена награда.
.Овој јубилеј ќе го одбележам со баклава.
Ќе речам само СОВРШЕНСТВО од баклава.Топло ви ја препорачувам.

Прво во една мала касерола на тивок оган ги ставаме да се соединат, путерот, маслото, чоколадото, чоко кремот.
Во друг сад ги соединуваме лешниците, мелените бисквити, чоко кремот и малку млеко колку да добиеме смеса како трошки.
Сега земаме една кора, ставаме од преливот и со четка го размачкуваме подеднакво.
Врз неа ставаме кора и неа ја премачкуваме со прелив.
На почеток на кората нанесуваме фил и цврсто виткаме ролатче.
Така постапуваме со целиот материјал.
Сега баклавата ја сечеме на парчиња по желба. Ја премачкуваме со четка со растопениот путер.
Печиме околу 45 минути на 170 степени.
Ја оставаме да се излади.
За тоа време го вариме шербетот.
Треба да ни биде со средна густина, значи вариме околу 8-10 минути, од кога ќе зоврие.
Ладната баклава ја попаруваме со топлиот шербет.

Нека одстои барем 2 часа, а потоа ја декорираме со растопено чоколадо и мелен лешник. Послужуваме.

Совет - во зависниост од тоа каков крем користиме, може во текот на печењето во тавата да ни излезе малку масло.Тогаш со хартиена салфета го собираме во ќошето на плехот и продолжуваме со печењето.
Затоа предлагам да се користи квалитетен крем.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани