Вкусен „фаст фуд„ оброк, кој е незаобиколен во либанската кујна. Фалафелот се всушност мали ќофтенца од леблебија, кои се пржат во врело масло и се јадат во тенка пита леб заедно со еден специфичен прелив чиј вкус го подига целово јадење.

Леблебијата измелете ја во сецко, но немојте премногу да ја иситните, бидејќи после при пржењето, ќофтенцата ќе ви се распаѓаат. Извадете ја леблебијата од сецкото и сега во него ставете го кромидот, чешнето лук, водата и маслото за јадење и кратко пулсирајте, колку да се иситни кромидот.

Во леблебијата додадете ги зачините и сецканиот кромид, додадете го брашното и сусамот и убаво измешајте ја смесата, за да се соедини. Смесата оставете ја во фрижидер околу 1 час, за да може состојките и аромите убаво да се поврзат.

Од изладената смеса формирајте малечки ќофтиња со величина на пинг-понг топче и пржете ги на врело масло. Пржените ќофтенца ставајте ги на хартиени салвети за да се впие вишокот од маснотија.

Фалафелот задолжително се служи со сос, односно прелив, бидејќи во пита лебот ќе ви биде сув.

За подготовка на сосот/преливот, измешајте ги добро сите состојки и ставете го во фрижидер додека го подготвувате фалафелот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови