Ова е моја идеја за ужинка за во школо, секако изборот на состојки и нивниот број може да се направи произволно.
- Во тостер се потпекуваат двете парчиња леб тост, се мачка малку путер на едното лепче, се става 1 парче кашкавал и 1 кругче варено јајце. Врз него се става другото лепче и се сече дијагонално.
- На 1 триаголник се става другото кругче јајце, а вториот триаголник се сече уште еднаш и се добиваат уште 2 помали триаголничиња.
- Второто парче кашкавал се сече на помали парчиња.
- Крставицата се лупи и сечка на кругови, шери доматчињата и грозјето се мијат убаво, црната слива се мие, се откостува и се сече на парчиња. Сите се распоредуваат во кутијата за носење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани