Во сад за месење се мешаат сувите состојки.
Се прави вдлабнатинка на средина, се додаваат јајцата, маслото, омекнатиот и исечен на коцки маргарин, јогуртот и се меси тестото.Треба подолго време да се меси, додека убаво се поврзат состојките.Кога убаво ќе се изработи тестото го префрлуваме во намрсена и побрашнета тава со пречник од 30цм..

Со намрсени дланки убаво се расплескува во тавата. Со помош на две вилушки се прават шари по површината и се украсува со бомбончиња.Јас овој пат го премачкав со топла вода и наросив со сусам.

Се става да се пече во загреана рерна , на 180 степени околу 50 мин., или печите према вашата рерна.

Во мојот крај туртето се меси кога на бебето ќе му никне првото запче.

А, додека го месев ова турте се потсетив на едни времиња пред 20-25 год. кога во домот на младоженецот на денот на свадбата се месеше, ваква блага погача-Сваќа. Се месеше со топла вода, без маргарин...Најпрво машко дете промешуваше во брашното, а потоа три девојчиња-чупиња или млади невести, мајкини и таткови, ја месеа Сваќата. Се кршеше и даваше на гостите во текот на свадбата, после вечерата. Но, за жал секој обичај полека, полека изумира, така да денес ретко кој ја прави..Но, убаво е да се знае.... ))))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани