Освежителен сладолед кој ги задоволува страстите на љубителите на овошни сладоледи.

Подготовка
1. Праските ги миеме и ги расекуваме на долната страна во форма на крст. Ги попаруваме со врела вода околу 30-60 секунди. Веднаш ги вадиме и ги ставаме во ладна вода со мраз. Ги лупиме и сечкаме на половинки и ги зашеќеруваме.
2. Ги оставаме така едно 15 минути, па 150 гр од нив ги соединуваме со блендирање со киселата павлака и кондензираното млеко.
3. Крем шлагот го истураме во ладното млеко и миксираме додека да згусне.
4. Остатокот од зашеќерените праски го блендираме.
5. Сите слоеви наизменично ги ставаме во еден сад и садот го оставаме во замрзнувач.

Забелешка
Можете да додадете шеќер доколку сакате да ви биде посладок сладоледот. Исто така може да ги соедините сите смеси и да ги ставите во апарат за сладолед и така веднаш да го конзумирате. За мене тоа е подобрата варијанта, бидејќи нецелосно смрзнат е поубав и покремаст.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани