1. Јајцата се матат пенесто со шеќерот и ванилата.
2. Шлагот се мати на страна со млекото.
3. Половина од изматениот шлаг се додава во јајцата.
4. Добро се меша со лажица да се изедначи.
5. И оваа смеса се дели на два дела.
6. Во едниот додаваме мелени бисквити, во другиот стопено чоколадо и еурокрем (чија количина може да се намали или зголеми според вкусот, истото важи и за шеќерот во јајцата).
7. Сладоледот може да се смести во пластичен сад, калап за торта, калап за векни итн., а се реди по следниов редослед:
најдолу оди делот со мелени бисквити, па втората половина шлаг, а најгоре делот со чоколадо и еурокрем.
8. Убаво се премачкува, се покрива со фолија или капак ако има садот кој што ќе го користите, па се става во замрзнувач мин. 4-5 часа да се стегне убаво.
9. Потоа се послужува и се ужива. Добар апетит!

*Шлагот може да се замени со 300 мл. слатка павлака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови