Ова е одличен предлог како да се разбие класичното правење на баклава (која ја обожавам и тоа секаква), така што тригоните се формираат при подготовката и повеќе нема никакво сечење, а со тоа се избегнува растурање на формата и пукање на корите. Рецептот го имам од поодамна, но без вишни и гриз, а бидејќи обожавам вишни со ореви, го прилагодив и вкусот и мерките па, воала

Подготовка
1. Најпрвин се подготвува шербетот од сите состојки, кој треба да врие 7-8 минути и се остава да се излади убаво.
2. Оревите се сечкаат во сецко и се мешаат со гризот.
3. Маргаринот или путерот се топи заедно со маслото.
4. Пецивото се меша со водата.
5. Се зема една кора, се попрскува со смесата од вода и пециво, па после со стопената смеса од масло и маргарин/путер, се виткаат двете страни на внатре, пак се прскаат со претходниве 2 смеси и со малку орев, се дипли уште еднаш да се добие една лента кој пак се попрскува со течните смеси.
6. На долниот крај на правоаголната лента се става 1 лажичка мешавина од орев и гриз, се ставаат сечкани 2-3 вишни и се витка триаголник и свитканиот триаголник-тригона се става во тавче.
7. Со остатокот од масло и маргарин/путер со четче се премачкуваат сите тригони и се печат 10 минути на 200 степени и уште 35 минути на 150 степени. Жешки штом се извадат од рерна, тригоните се прелеват со ладниот шербет. На тавчето се става алуминиумска фолија и се остава да неколку часа да отстои и да се впие шербетот.

Забелешка
Зависно од тоа дали сакате тригоните да се посни или мрсни, одберете дали ќе користите маргарин или путер.
Во полнењето со вишни може да се стави и сушена брусница, ќе биде уште повкусно.
Нам ни е доволно благо од самата количина на шербет, па затоа внатре не полнењето на тригоните не ставам дополнителна количина на шеќер.
Доколку количината на ореви ви е малку, ставете дополнително додека имате кори.
Корите кои јас ги користам се многу убави, танки и не се сушат веднаш при работата, а во пакувањето ги им подоста некаде од 16 до 19 парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани