За подготовка на овие триаголници најпрво подгответе го филот за полнење за да има време да се олади.
Печурките исчистени и измиени исечете ги на мали парчиња или тенки ливчиња.
Ставете ги да севарат со малку сол. Варете ги додека целата вода сто ја пуштиле целосно испари. Потоа додајте масло и пропрзете ги на кратко. Сега додајте го празот исецкан на ситно и заедно пржите неколку минути колку празот да омекни.
Посолете по вкус и тргнете ги на страна да лади.

Подготовка на тестото
Во садот за месење изронете го квасецот и додајте ги останатите состојки без брашното. Брашното постепено додавајте го и замесите средно меко тесто.
Покриено оставете го да одмори 20-на минути.
Тестото поделете го на 4 дела. Од секој дел исучите поголема кора и попрскајте ја со масло. Свиткајте ја од горниот и долниот дел некаде до половина за да изгледа како правоаголник.
По должината од кората ставите 1/4 од филот и краевите малку свиткајте ги. Кората свиткајте ја во ролат. Потоа исечете триаголници и ставајте ги во плех за печење намачкан со масло или со хартија.
Постапката повторете ја со другите 3 кори.
Откако ќе ги направите сите триаголници подгответе го премазот.
Во чинија измешајте го брашното, водата и куркумата во густа смеса. Со четка премачкајте ги триаголниците и посипете ги со сусам.
Сега вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. За тоа време тие ќе си скиснат. Пред печење попрскајте ги со масло.
Печете ги 20-25 минути.
Забелешка
Јас сакав помали триаголничиња и затоа тестото го поделив на 4 дела. А кој сака може да си го подели на 2 дела и ќе се добијат поголеми триаголници.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани