Оваа торта е многу нежна и вкусна.
Рецептот е средно комплициран.
1. 5 белки и 150 гр шеќер се матат како шам.
2. Потоа се додава 2 лажици брашно, 1 пакетче пециво и 150 гр брашно од кокос и убаво се мати со миксер.
3. Се пече во плех обложен со хартија 10-15 минути на 180 степени.
4. Останатите белки со 150 гр шеќерот се матат како шам.
5. Потоа во нив се додава 2 лажици брашно, 1 пакетче пециво, 3 лажици какао и 100 гр сецкани ореви и се прави второто тесто.
6. Се пече во плех обложен со хартија 10-15 минути на 180 степени.
7. Во тенџере ги ставиме жолчките, пудингот од ванила, шеќерот, ванилиот шеќер и млекото.
8. Убаво се промешува и се става на оган да се вари крем.
9. Во изладениот крем се додаваат путерот и маскарпонето и се меша со миксер.
Тортата се реди по редослед - бел пандишпан, крем, кафен пандишпан, крем.
Врз готовата торта се ренда чоколадо.
Се става во фрижидер да се лади.
Бон апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови