Кајгана - младиот кромид го чистиме и сецкаме. Го ставаме во тавче на оган да се пржи.
- Јајцата ги матиме со виљушка во чинија, го додаваме сирењето кое го дробиме со виљушка и матиме заедно со јајцата. Ги додаваме во тавчето во кое се пржи кромидот. Испржената кајгана ја ставаме во чинија.
Полнење - тортиљите ги ставаме во истото тавче во кое се пржеше кајганата да се згреат од двете страни. Врз секоја тортиља ставаме половина од кајганата на половина од тортиљата .
- пиперките ги сечиме на тенки надолжни ленти. Ги ставаме врз јајцата ( во секоја тортиља ставаме по една пиперка ). Ги виткаме тортиљите во ролат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани