Нова седмица, нова кујна оваа недела се преселуваме во сончева Шпанија.
1. Компирите се лупат и се сечат на половина по должина, од двете половинки се сечат тенки полукругови.
2. Кромидот исто така се сечи на тенки полукругови.
3. Во касерола на оган се загреваат маслата (оригинално компирите и кромидот се пржат само во маслиново масло, но мене ми има многу силен интензивен мирис и затоа ги комбинирам).
4. Компирите и кромидот се ставаат во загреаното масло и се оставаат да се динстаат во него (не треба да се испржат, само да омекнат).
5. Јајцата се матат во сад, се посолуваат и зачинуваат со црн бибер и им се додаваат компирите и кромидот и се промешува да се соедини (за тоа време се загрева тавче на оган).
6. Јајцата со компирите се ставаат во тавчето, тортиљта се печи од едната страна, а потоа со помош на плитка чинија се превртува да се печи и од другата страна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови