Мафини или мини тортички, изборот е ваш. Брзинско благо со интересен вкус.

1. Путерот треба да е на собна температура, скоро полутечна состојба. Изматете го на кратко со миксер, па потоа додадете ги јајцата едно по едно наизменично матејки.
2. Во садот со брашното ставете го пецивото и мешајте со шпатула да се соедини. На крај вмешајте го и џемот.
3. Распоредете во калапи и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200С. Печете 20-25 мин. Проверете со чепкалка.
Нека се изладат па послужете со топка сладолед, џем, шеќер во прав или по избор.

Добар апетит =)

* Чоколадниот путер од кикирики е збогатен со млеко во прав, чоколадо и шеќер па нема потреба од дополнително додавање на овие работи во колачињата. Џемот кој го користев имаше и крупни парчиња овошје низ него и киселкаста нота, па спојот беше одличен.
* Мене ми излегоа 6 мафини и една мини тортичка (калап со дијаметар 9см.
Од оваа доза би ви излегле 9 мафини или 3 мини тортички.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани