Јајцата пенесто изматете ги заедно со шеќерот.
Со постојано матење на најмала брзина на миксерот, додајте ги млекото и маслото.
На крај додајте го брашното во кое претходно ќе ги измешате пецивото и ванилата.
Измешајте убаво со жица за матење.

Половина од смесата истурете ја во правоаголен плех(премачкан со масло и набрашнет).
Ставете кратко да се подзапече на 180 степени, а потоа одозгора ставете ги грубо испасираните јагоди.

Во преостанатата половина од изматената смеса додајте го рогачот.
Врз јагодите истурете ја втората половина од смесата и ставете да се пече на 180 степени, 20 минути(зависно од рерната, најдобро по 20 минути проверете со чепкалка).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани