Ароматична кремаста торта со богат вкус ќе ве израдува вас и вашите блиски! :)

1. Јајцата се матат со миксер заедно со шеќерот, потоа се додаваат брашното, оревите и пецивото. Смесата се става во намачкана тава бр. 28 и се пече околу 15 минути на 200 степени.
2. Крем. Омекнатиот путер се мати со миксер заедно со шеќерот во прав додека смесата не стане пенеста. Се додаваат жолчките и пак се мати, потоа се додаваат претходно омекнатите во топло млеко бисквитите и се матат додека смесата не се изедначи.
3. Оревите, желе бонбоните и бананите се сецкаат и се додаваат во кремот и се промешуваат.
4. Врз изладениот пандишпан се става кремот и одозгора се посипуваат мелени ореви.

Од остананите белки од јајцата може да се направи шам и да се стави врз тортата наместо мелени ореви.
По желба во кремот може да се додаде суво грозје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани