За оваа торта можам само да кажам дека е ПРЕВКУСНА...
За подготовка на 4 пандишпана (јас ги печам посебно еден по еден, а можете и како две теста па да ги сечете на пола)
4 белки се матат со 4 супени лаж.шеќер. Потоа се додава 4 супени лаж.брашно, пола пециво и 1-2 лаж.рендано чоколадо се печат во тавче бр 28 и се оставаат да се изладат.

За фил 1
Млекото и шеќерот се ставаат да вријат, а жолчките и пудингот убаво се размешуваат со додавање на малку вода 100 мл. Откога ќе зоврие млекото полека се додаваат жолчките со пудигот и се вари густ фил. Се трга на страна и потоа се дели на два дела. Во едниот дел се става бело чоколадо, а во другиот црно. Се меша и се остава да се излади убаво. Кога е изладено се матат со по пола коцка маргарин.

Фил од малини
Малините, шеќерот и 100 мл од водата се ставаат да вријат 10 минути. Во преостанаата вода се разматува пудингот и се додава во малините да се згусти. Се трга на страна и се остава да се излади.
Се филува тортата ред црн фил (во филот јас си ставив и малку кршени бисквити) потоа кора, па фил од малини, кора па бел фил (си додадов и сецкано млечно чоколадо) кора и тортата ја премачкав со слатка павлака, ја прелив со чоколадо и ја декорирав со чоколадрани јагоди.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови