Торта која е многу лесна за подготовка, а воедно и брза, сезонска, со интересен и декоративен пресек.

Подготовка
1. Путерот и чоколадото ги топиме на ниска температура. Тргаме на страна и во нив ги промешуваме мелените лешници и пишкоти.
2. Обрачот од тавче бр. 24 го ставаме на чинијата за сервирање на тортата. Пишкотите ги натопуваме во млеко и ги редиме на дното. Врз нив ја ставаме чоколадната подлога додека е топла. Оставаме малку да се стегне.
3. Јагодите ги миеме и им ги отстрануваме ливчињата. Ги редиме јагодите една до друга со врвот нагоре врз чоколадната подлога која сеуште не ни е стегната многу, а сепак е подизладена.
4. За белиот фил го ставаме желатинот да набабри во вода.
5. Слатката павлака ја матиме, па во неа ја додаваме киселата павлака. Откако желатинот ќе набабри го ставаме да се растопи на рингла или во микровална печка. На крај во тенок млаз кон павлаките го додаваме желатинот и соединуваме со миксер.
6. Го распоредуваме филот врз јагодите. Ја оставаме тортата да се стегне во фрижидер.

Забелешка
Може да ги намачкате страниците од обрачот со путер. Пред да го отстраните обрачот поминете по страниците со нож за да се одвои обрачот убаво, без да се растури белиот фил.
Јас ја правам навечер и ја оставам во фрижидер до следното утро, убаво да се стегне филот.
Украсувањето е по желба и вкус. Ја украсив со бело чоколадо и јагоди

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани