Како за нешто што е моментална инспирација и е готово за 30 мин, испадна ФЕНОМЕНАЛНО!

Прво вклучете ја рерната на 180 степени.
За подготовка на подлогата измешајте си сите суви состојки убаво. Потоа додадете го путерот, растопен и мешајте со лажица. Додадете ја водата и медот.
Смесата натапкајте ја на дното на тавчето кое сакате да го користите.
Печете 15ина мин на 180. Испечено оставете го во тавчето да се олади.

Додека се пече подлогата, пригответе го филот.
Слатката павлака и чоколадото ставете ги на оган да се стопат. Не треба да врие, само да биде млако, колку да се растопи чоколадото.
Јагодите исечете ги на половинки.

Врз оладеното тесто наредете ги јагодите и прелејте со оладениот фил. Ставете во фрижидер да преноќи.
Доколку сакате декорирајте со топено чоколадо со масло или со рендано чоколадо.

До следниот ден, аромите се измешале, тестото малку впило, малку крцкаво... едвај престанавме да јадеме. Преубаво :)
Tортата е среќен роденден на другарка ми Ирена Б. и фала за преубавиот подарок <3

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани