Јаболката се мијат, се лупат и се сечат на резанчиња.
Тавата ја попрскуваме со шеќер, а потоа ја постиламе со резанците од јаболка.

Ставаме во рерна околу 15 минути, да заруменат и да пуштат малку сок.
Настрана го матиме пандишпанот.
Јајцата со шеќерот убаво ги матиме, додаваме 5 лажици брашно, ванилата и пецивото.
Кога јаболката се готови ги полеваме со пандишпанот врз нив и враќаме во рерна уште 10 минути.
Кога е печено, вадиме од рерна и оставаме да излади.
Го сечеме на три ленти, па го филуваме со пудингот, ред пандишпан, ред пудинг.
Премачкајте ја со останатиот пудинг и декорирајте по свој вкус.
Јас декорирам со рендана бела чоколада.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови