Брза, вкусна и за јадење лесна торта.

1. Се земаат 3 исти чаши и во нив се ставаат наведените состојки така што првин се ставаат јајцата кои ја диктираат количината на шеќерот и брашното. Сите три чаши треба да се полни до иста висина.
2. Во сад се матат јајцата (чашата од 250 мл. се наполни со 4 јајца) со шеќерот во кој е ставен и ванилиниот шеќер.
3. Кога јајцата убаво ќе се изматат се става полека брашното (претходно просеано) во кое е помешано пецивото и се меша со лажица. На крај се додава маслото, се меша до добивање на мазна смеса која се истура во правоаголно тавче задолжително обложено со хартија за печење.
4. Смесата се истура во тавчето и се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути, но рерната НИКАКО да не се отвора за време на печењето. На испеченото тесто му се вади хартијата, се лади и се сече на 3 ленти.
5. Се мати шлагот со киселата вода која треба да е на собна температура, се добива убава шлаг пена во која се додава кокосот.
6. Со филот се премачкуваат лентите тесто и се планира да да има и за одозгора и за од двете страни. Се остава малку да се излади.
6. На пареа се топи чоколадото и маслото и со него се полева тортата одозгора.
7. Тортата се остава неколку часа корите да омекнат и го примат филот и потоа се ужива во овој вкусен и лесен десерт.
Ќе напоменам дека идејата за ваков вид на тесто ја добив од прекрасната Лидија Јошевска, овде позната како лидија 02.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани