- Јајцата пенесто се матат, се додава сокот од двата портокала, рогачот, брашното, пецивото и медот. Смесата се соединува.
- Двете банани, макот и урдата се блендираат.
- Во тава за печење обложена со хартија се истура 1/2 од темната смеса, па неколку лажици од светлата смеса од банани, другата половина од темната и преостанатата светла смеса. Со помош на нож, двете смеси се промешуваат.
- Се пече 25 минути на 175 степени. Се проверува дали е печено.
- Оладената торта се премачкува со растопената чоколада.

Забелешка
Бидејќи тортата не содржи брашно е изворедно мека и сочна. Сладкоста лесно може да се регулира со додавање или одземање на мед или друг засладувач.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови