1. Се делат белките од жолчките и се матат во два различни сада со по 8 лажици шеќер и по една кесичка ванила.
2. Белките треба да станат како снег, убаво да згуснат, а жолчките да станат пенести, убаво изматени да им се истопи шеќерот.
3. Потоа двете смеси се мешаат внимателно со лажица, во подлабок сад.
4. Се додаваат маслото и јогуртот и убаво се меша.
5. Потоа се додаваат гризот, брашното и пецивото.
6. Добро се меша да се изедначи смесата и да нема грутчиња.
7. Во намаслена и набрашнета тава за печење бр. 36 се истура готовата смеса.
8. Се пече во добро загреана рерна на 180 степени, најпрво 10 – 12 минути, малку да порумени одозгора.
9. За тоа време, праските се мијат, се лупат, добро се чистат и се сечкаат на мали парчиња.
10. Потоа внимателно ги пропуштаме во полупечениот колач (ако некој сака може и да се остават на површина, но за тоа ќе треба колачот подобро да се испече) и го враќаме на печење уште 15 до 20 минути во зависност од јачината на рерната.
11. Боцнете со чепкалка за да проверите дали добро се испекол.
12. Оставете го добро да се излади откако е печен.
13. Подгответе ја глазурата: путерот, шеќерот и млекото измешајте ги во сад на оган и нека зовријат.
14. Додадете чоколадо и какао (ако сакате можете да додадете и до 150 гр. чоколадо за погуста и појака глазура, може млечно или темно, а може и да не го додадете, кој како сака) и мешајте добро додека смесата да се изедначи, но претходно намалете ја температурата на која што готвите.
15. Готовата глазура (сосем малку изладена, 5 минути) прелијте ја врз веќе исечениот на коцки колач.
16. Послужете и уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови