Вкусотија од торта,Пробајте ја во овие летни денови со сезонско овошје, праски

Прво во вангличка ги делиме белките од жолчките.
Матиме цврст шам и постепено додаваме 3 лажици шеќер.
Матиме истиот да се растопи.
Со исклучен миксер ги додаваме оревите и брашнои со шпатула лесно соединуваме.
Смесата ја истураме во калап со обрач бр 24 во кој има ставаено хартија за печење.
Печиме околу 15 минути на 180 с.
Го одстрануваме обрачот и оставаме тестото да се олади.
Сега во еден сад ги ставаме одделените жолчки, ставаме 2-3 лажици шеќер и матиме над пареа до згуснување.
Тргаме на страна и оставаме да се олади.
Сега во еден сад ги соединуваме маскарпонето, сокот од лимета, кондензираното млеко, киселата павлака и овошниот јогурт.
На страна ја матиме слатката павлка и ја додаваме кон претходната смеса.
Изедначуваме.
Во мал сад го ставаме желатинот, додаваме 30 мл. Вода и оставаме да набабри.
Потоа го ставаме на тивок оган да се растопи.
Сега сите овие подготвени состојки ги соединуваме, го додаваме желатинот и лесно промешуваме.
Тука ги додаваме излупените, на коцки сечени праски.
Ја одстрануваме хартијата за печење, го враќаме тестото во калапот, обрачот го монтираме.
Врз кората ја истураме подготвената прекрасна крема.
Израмнуваме и оставаме во фрижидер 2 часа.
Потоа го подготвуваме преливот за тортата.
Во касерола ги ставаме водата, шеќерот, кондезираното млеко и набабрениот желатин.
На тивок оган мешаме додека не се појават првите меурчиња.
Тргаме од оган и го додаваме искршеното чоколадо.
Нека постои 2 минути, па промешуваме.
По желба ја делиме количината на добиениот прелив и во еден дел ставаме прехрамбена боја.
Оставаме одприлика да се излади околу 32-34 степени, па потоа го нанесуваме врз тортата.
Оставаме во фрижидер 2 часа.
Потоа го одстрануваме обрачот, ја завршуваме декорацијата со изматена слатка павлака.
Со топол нож (поради глазурата или рецкав нож) сечеме парчиња и послужуваме.
Тортава беше многу пофалена од многубројните дегустатори.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани