Оваа безглутенска торта беше една од првите здрави рецепти кои се обидував да ги направам, слободно можам да кажам дека од неа почна мојата револуција во областа на здравото печење. Вкусот многу потсеќа на јафа колачињата или ресаните, кои беа моите омилени.

- Во сад пенасто се матат јајцата со шеќерот, постепено се додава кокосовото масло и сокот од двата портокала (излегува околу 280мл).
- Во смесата се додава оризовото брашно и прашокот за пециво. Се соединува со шпатула за да се добие компактна маса.
- Се пече на 180 степени, во калап бр. 23 околу 30-35 минути во зависност од рерната.
- Оладената торта се премачкува со растопената чоколада, во која е додадено кокосовото масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови