Кората се подготвува стандарно.
Се матат белките со малку сол,  им се додава ванилата и шеќерот.
Во цврстиот шам се додава маслото, па брашното со пецивото, полека мешајќи и на крај лешниците. Се излева во плех намрсен со маргарин.
Се печи во загреана рерна за време од околу 20 мин. на 200 степени. Се остава да се излади кората.

За попрскување се зоврива млекото со ванилата, со мешање, за подобро да се стопи и се остава да се излади, да биде топло и се попрскува кората.

Чоколадото се растопува со маслото и се полева врз кората, која претходно сме ја поделиле на 3 ленти в долж.

За филот ги матиме жолчките, го додаваме пудингот, нишестето и малку млеко за да се добие течна смеса. Промешуваме со миксер, за да нема грутчиња.
Остатокот од млекото го зовриваме со шеќерот и понатаму вариме како пудинг, се додека не ја добиеме потребната густина. Во жешко го додаваме кафето и чоколадото, мешаме убаво да се растопи и соедини. Сосема на крај, во млако соединуваме со изматениот маргарин.
Филоваме...

На здравје :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани