Во длабок сад ставете ги брашното, шеќерот, лешниците, маслото, водата, пецивото, кората и сокот од мандарините. Убаво измешајте со жица за матење за да добиете хомогена смеса.
Смесата поделете ја на два дела. Во едниот дел ставете го какаото и промешајте.
Печете ја смесата со какао во подмачкан плех(38см) на 180 С 10-15мин.
Откако тортата ќе се испече премачкајте ја со мармаладот. Врз мармаладот ставете ја другата половина од смесата и ставете ја да се пече околу 20мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани