Едноставна посна торта со која го одбележавме мојот именден.
Искрено толку мека торта досега немам пробано, вреди да се проба.

Во сад измешајте ги брашното, шеќерот, пецивото и какаото.
Кафето растворете го во водата.
Додајте го маслото и убаво измешајте.

Во млаз со постојано мешање додајте ги течните состојки во садот со сувите состојки.

Ставете ја смесата во округол калап.

Печете на 180 степени, 30 минути.

Изладената торта посипете ја со шеќер во прав и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани