Во подлабок сад се ставаат водените состојки, потоа шеќерот мешајки додека да се растопи и се додаваат сувите состојки.
Мешаме додека да добиеме густа смеса.
Смесата ја префрламе во калап за торта на кој му се вади страничниот дел, претходно премачкан со путер.
Печиме на 200 степени околу 20тина минути. Чекаме да се подизлади тортата.
Во меѓувреме го подготвуваме пудингот.
Од 600 мл вода одземаме 10 лажици вода во нив ги раствораме двата прашоци за пудинг од шумско овошје.
Во преостанатата вода додаваме 6 лажици шеќер, префрламе во тенџере на оган.
Кога ќе зоврие водата го тргаме тенџерето на страна, ги додаваме боровинките, постепено ги додаваме растворените пудинзи па враќаме на оган и мешаме до згуснување.
Врелиот пудинг го прелеваме врз изладениот пандишпан, чекаме да се подизлади, па ја ставаме тортата во фрижидер неколку часа.
Го вадиме страничниот дел од калапот, сечиме и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови