1. Во длабок сад се ставаат брашното, јајцата, ванилиниот шеќер и водата. Со миксер убаво се мати (да нема грутчиња).
2. Смесата се остава да одмори 30 минути.
3. Во блендер се ставаат вишните, шеќерот и медот.
4. Од смесата за палачинките се оделува 1/3 во длабок сад и се додаваат изблендираните вишни.
5. Палачинките се печат и оставаат малку да се оладат.
6. Во касерола на многу тивок оган се става слатката павлака и се додава чоколадото.
7. Се меша додека не се стопи цело чоколадо.
8. Филот се тргнува од оган и се остава да се олади. Откако убаво ќе е изладен се мати со миксер.
9. Се редат 8 бели палачинки, па 8 црвени палачинки, па потоа 8 бели (помеѓу секоја палачинка се става фил).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови