1. Во длабок сад се истура газирана вода, шеќер и сол. Се промешува со вилушка.
2. Се додава брашното и пак се промешува.
3. Млекото малку да се стопли и се налива кај останатите состојки. Се мати со миксер.
4. Јајцата со солта се матат на брзина со миксер во висок сад.
5. Јајцата се додаваат во смесата за палачинки. Пак се мати.
6. Палачинките се пржат во тавче со загреано масло.
7. Испржените палачинки се ставаат настрана да изладат и потоа на нив се става од вишните и се виткаат ролни.
8. Павлаката се мати со шеќер.
9. На широка чинија се реди роловани палачинки и се премачкува со крем од павлака.
10. Одозгора се ренда чоколада.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови