Доколку ви останало дел од Козунак или Панеттоне  ова е идеја како да се искористи, ќе имате лесен и богат на вкус колач кој не се пече.
 
Фил
- Во сад на пареа матете ги жолчките и шеќерот со миксер на најслабата брзина. Откако ќе почне да се згуснува. Продолжете да бркате со лажица се додека не добиете густ крем, тргнете на страна и оставете да се олади.
- Во сад во кој ќе го спремите филот со миксер изматете го маскарпонето, додадете рендана кора од портокал. Во него додадете го оладениот фил и повторно разбркајте.
- Слатката павлака сматете ја, додадете во маскарпонето заедно сматете да стане еднолична смесата- хомогена.
- Истискајте го сокот од портокалот со 1-2 лажици шеќер измешајте и сварете додека се стопи шеќерот. Нарендајте и од кората на портокалот. Тргнете настрана.
- Панетонето или Козунакот исечете го на кришки.
- Во модла во големина според количината на остатокот од наредете половина од парчињата едно до друго, тоа е ќе е првата кора. Попрскајте со половина од портокаловиот сируп. Ставете половина од филот, покријте со другиот дел од парчињата, попрскајте со останата половина од сирупот. Покријте ги со втората половина од филот. Оставете во фрижидер добро да одлежи, најмалку 5-6 часа, извадете од модлата, декорирајте по ваш сопствен избор и натаму останува да уживате во овој навистина лесен за спремање, лесен за јадење и доста освежителен колач.
- Овој колач можете да го спремите и со остаток од бриоши, а богами и со кроасани. Но, на мене најповеќе ми се допаѓа токму со панетонето бидејки тој е доста ароматичен и го збогатува филот кој е едноставен.
- Овој колач ми беше спремен после големите Велигденски празници, но сега дојде ред да го постирам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани