За пандишпан
Јас правев округла торта во тавче бр 32. Направив 3 пандишпани по 4 јајца,
и 2 падишпани во помало тенџере исто по 4 јајца и ги пресеков на пола.

4 белки одделете ги од жолчките. Белките матете ги со 4 лажици шеќер.
Башка изматете ги жолчки со малку ванила, додајте жолчки и белки. Додајте 2 лажици брашно, 2 лажици мелени ореви, пециво, убаво промешајте и ставете да се пече.
По иста постапка направете ги сите пандишпани.

За фил
Земете 2 литра млеко и половина ставете да зоврие. Во друга половина млеко ставете 4 пудинзи. Додајте шеќер, кога ќе зоврие млекото истурете го млекото со пудинг и мешајте додека не згусне. Ставете да олади.
На страна изматете путер со шеќер во прав
Оревите испечете ги и малку исечкајте ги.
Чоколадото стопете го, додајте во изладениот пудинг
Во пудинг додајте путер, се убаво изматете, додајте ореви.

Филување на торта.
На пандишпан ставете слатко од вишни, над слаткото фил, од горе пандишпан.
Украсете по желба со фондан
Оваа торта беше за роденден на мојата ќерка
Нека и е среќен роденденот.
Пробајте да ја направите се надевам дека ќе ви се допадне!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани