Кремасто богата торта која воодушевува со вкусот, но и со леснотијата со која се прави и едноставните состојки. Оние кои ја пробаа се воодушевија, па речиси секој побара репете. Еве го и рецептот.

Јајцата нека бидат ладни кога ќе почнете со работа.
1. Заматете ги најнапред белките, да запенат убаво.
2. Додадете ја ванилата и шеќерот, лажица по лажица.
3. Откако ќе ги изматите белките во цврст снег, додадете ги мелените наполитанки, брашното и пецивото.
4. Добро измешајте, па истурете ја смесата во тава за печење бр. 28, обложена со пек хартија.
5. Ставете го кексот да се пече 15 минути на 180 степени, во претходно загреана рерна.
6. Откако ќе се испече, оставете да се излади.
7. Жолчките, пудинзите и 250 мл. млеко изблендирајте ги или изматете ги со миксер.
8. Останатото млеко измешајте го со шеќерот во тенџере, па ставете го на рингла да зоврие.
9. Откако ќе зоврие, додадете му ја смесата со пудинзите.
10. Мешајте брзо додека пудингот да згусне, а потоа тргнете го на страна, покријте го и оставете го убаво да се излади, барем неколку часа.
11. Откако ќе се излади пудингот, додадете му го путерот и добро изматете.
12. Готовиот крем поделете го на два дела и во едниот додадете мелени бисквити.
13. Филувајте ја тортатата – кекс (попрскан со малку млеко), крем со бисквити, цели банани – наредени според формата на калапот во кој ќе редите, па вториот дел од кремот.
14. Украсете по желба, оставете да се стегне неколку часа во фрижидер, исечете и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови