Јајцата најпрво сварете ги, само три-четири минути, да не се тврдо варени.
Одберете свежи колбаси кои најмногу ги сакате. Извадете го месото од цревото. Поделете го на три дела. Исплескајте го секој дел со влажни раце, ставете го јајцето на средина и обложете го убаво се месото од сите страни.
Откако тоа ќе го направите со сите три јајца, пред да ги пржите, извалкајте ги најпрво во брашно, јајце, па презла, стандарден начин...
Пржете ги во длабоко масло, додека не поруменат... не треба многу време, обвивката од месо не е дебела...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови