Овие колачиња се со специфичен вкус.
Доминира циметот и јаболкото.
Замесени се со свежо јаболко и сок од јаболко.
Шеќер не употребив затоа што го сакам нивниот убав краситок вкус.
(ако сакате благички ставете си шеќер во прав )
Јаболкото го оставате да постои во вода во која додадовте сода.
После 15 минути исплакнете и изрендајте го.
Во садот додадете и мелени бисквити.
Бадемите се мелат и се додаваат во садот.
Промешајте убаво.
Зачинете со цимет.
Ако ви е поголемо јаболкото, можеби ќе ви треба уште малку бисквит.
Додајте го и сувото грозје, па замесете хомогена смеса.
Формирајте топчиња и валкајте ги во мелени бадеми кои претходно ги запековте колку да добијат убав шмек.
Колачите се со одличен вкус.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови