Воздушни топчиња полни со фил од кашкавал ќе ви ја расположи цела фамилија за цел ден - Ви препорачувам)

1. Кашкавалот се ренда и се додаваат зачините и јајцата, потоа смесата се промешува.
2. Се додаваат изренданиот лук и брашното, по потреба може да се додаде уште една лажица брашно за да се добие погуста смеса.
3. Од смесата се формираат мали топчиња и се валкаат во брашно, потоа се пржат во врело масло од двете страни на среден оган.

Додека ги пржете топчињата внимавајте да не се загорат бидејки смесата е многу нежна.
Пред сервирање топчињата пожелно е да постојат во салфета за де се впие вишокот од маслото.
Пријатен апетит! Превкусне се!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани