Освежителен десерт за овие жешки денови со вкус на овошно тирамису :)

1. Јагодите и бананите се сецкаат, а чоколадото се ренда.
2. Се вари крепко кафе и се трга на страна 3 лажици.
3. Урдата се промешува заедно со шеќер во прав, кафето и млекото и се блендира или се миксира додека не добиеме кремаста смеса.
4. Во неголем стаклен сад се реди тирамису на ваков начин -
- јагоди
-банани
- чоколадо
- смесата од урда
5. На ваков начин се редат уште два реда и одозгора тирамису убаво се премачкува со урдата и се украсува со јагоди и нане.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани