Искршете го чоколадото на парчиња и прелејте го со врелото сварено кафе.
Мешајте додека чоколадото се растопи.

Во друг сад измешајте ги мелените пишкоти и инстант кафето.

Откако чоколадото ќе подолади додајте го маскарпонето и измешајте.
Додајте ги мелените бисквити со инстант кафето.

Измешајте убаво.
Смесата е леплива затоа ставете ја во фрижидер да се потстегне.

Од смесата формирајте бомбици.
Оставете ги да отстојат 1 час во фрижидер, а потоа прелејте ги со чоколадото растопено со малку масло.

По желба посипете ги со цимет, какао, шеќерни трошки, бадеми или нешто друго по ваш избор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани