Прво во еден сад ги соединуваме сите состојки за маринадата.
Тиквичката ја лупиме и ја сецкаме на кругчиња.
Секое кругче го потопуваме во маринадата и го редиме во сад.
Го ставаме во рерна да се печи околу 30 минути.
Топли ги вадиме, сервираме и ги прелеваме со споениот јогурт, сол и сецкан магдонос.
Бидејќи печев во помала тава ја искористив рерната да ставам уште една помала тава со компири.
Младиот компир го лупиме, го ставаме во вода, да се вари 2 минути.
Потоа го процедуваме и го ставаме во тавата.
Наросуваме сол, бибер, зачин, оригано и попрскуваме малку палента.
Заедно се пече со тиквичките околу 30 минути.
Уште некоја пржена пиперка, убаво сирење, убав црвен домат и ете брзински летен ручек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани