Со право ќе кажам дека се како памук...
 
Чашата е од 240 мл.
- Замесете тесто од сите наведени состојки, покријте и оставете да стаса, малку побавно е поради количината на квасецот.
- Размесете го и правете лепчиња за хамбургер, замотајте кифличли, па дури и погача можете да оформите. Оставете да стаса, премачкајте со разматената жолчка и млеко, посипете со сусам или друго семе од вас изберено... печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20 мин, што не се однесува за секого - сите рерни не се исти.
Поради големите горештини на мене полесно ми беше да оформам лепчиња за дел од тестото, а дел го расукав, премачкав со малку путер, ставив нешто малку од сувомеснато и рендано сирење, сечев на парчиња ...
Ќе ви се допадне...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани