Чашата е од 200 мл.
- Растворете квасецот во млакото млеко, додавајки го шеќерот.
- Во сад ставете брашното, солта и измешајте.
- Јајцето лесно разматете го, измешајте со киселото млеко, ставете кај брашното, додадете го и квасецот.
- Измесете убаво меко тесто податливо за работа.
- Садот во кој ке го оставите да стасува тестото премачкајте го со маслото, ставете тестото кое исто така со маслото ке го премачкате. Покријте и нека стаса.
- Стасаното тесто поделете го на топчиња во големина која ја сакате да биде мекицата. Секое топче потоа развелечете го. Додека да ги развелечете барем половината од топчињата, првото развлечено тесто веќе е стасано да почнете да пржите во тавка со не многу длабоко масло, но не пак и малку...сами ќе оценете. Додека се пржат вие развлекувајте ги останатите топчиња тесто.
- Можете да ги оформите така што откако ќе го растегнете тестото, предиплувајки го како армоника - замотатајте го така извиткано во форма на полжав потоа со сукало развлечете го, ќе стаса додека оформите останатите и пржете.
Ако ви се пристори премеко... можете да додадете брашно но најмногу уште 1/4 чаша, тоа зависи од самото брашно.
Што и да правите од ова тесто нема да згрешите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани