- Во сад во кој ќе месите ставете ја млаката вода, ставете го квсецот, со шпатула размешајте, додадете ги шеќерот и солта, повторно размешајте, додадете го јајцето и размешајте. Се додава млекото во прав и многу добро се меша да не останат грутчиња.
Во оваа течна смеса ставете го брашното и најпрво со шпатулата убаво мешајте да се спојат. Ќе добиете многу лепливо тесто. Истурете го тестото на сосема малку побрашнета површина, почнете со раце да месете притоа додавајки си од на собна температура омекнат путер или пак ставете го целиот одеднаш на веќе растргнато тесто и продолжувате да месите. Тестото сеуште ќе се лепи за рацете, не се разочарувајте така треба да е. Колку повеќе го месите тестото ќе забележите дека веќе добивате многу убаво меко тесто.
На еден крај од тестото со рака малку растргнете и ако се направи ципа без да се кине, доста е, тестото е измесено.

Садот со малку масло намрснете го, вратете го тестото и покријте го или со стреч фолијата или со капак. Оставете да стаса. Тестото стасува малку подолго време, бидете трпеливи.
- Стасаното тесто кое на допир веќе е исто така многу меко, извадете го на многу малку побрашнета површина и не го размесувајте туку така со рака формирајте го како векна, исечете 9 (девет) еднакви парчиња. Секое парче расукајте го во мала елипсовидна форма и замотајте. Редете во подмачкана тава на одредена оддалеченост, сосема малку со четка премачкајте со масло, покријте и оставете повторно да стасува.
Откако е веќе стасано, премачкајте со разматена жолчка во која ќе ставите малку вода.
Печете во претходно загреана рерна на 170 степена од 15 најмногу до 20 мин.
Нема понатаму ништо да ви кажам за оваа вкусотија од тесто за кое велам дека е дефинитивно најмекото тесто кое откако е печено и силно да го налегнете со рака, се врака во првобитната состојба. Пригответе и сами донесете го заклучокот.
Јас за печење го користев најмалата ростер правоаголна тавка за оваа количина состојки од 250 гр. брашно. За повеќе да имате слободно си замесете дупла доза.
Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани