1. Најпрво се варат шпагетите, на вообичаен начин, во зовриена и посолена вода. Кога ќе се сварат, се одделува 200 мл. од водата и шпагетите се мијат и се цедат.
2. Маслото го ставаме во длабок сад на оган да се вжешти. Потоа го додаваме кромидот, ситно исечкан и го пропржуваме 5 минути.
3. Го додаваме пилешкиот стек исечкан на коцки, посолуваме и побиберуваме. Капнуваме од лимоновиот сок. Промешуваме и оставаме малку да се пропржи.
4. Го додаваме чаденото пилешко месо и пак промешуваме и оставаме така малку да прокрчка.
5. Од водата на маринираните печурки додаваме во водата од шпагетите. Треба да ни се собере 300 мл. течност (400 мл. со се’ виното).
6. Ги додаваме печурките во садот на оган, промешуваме, го додаваме виното и оставаме да се крчка 5-10 минути.
7. Сега ја додаваме течноста во садот – водата од шпагетите измешана со водата од печурките. Оставаме да се крчка уште 10 минути.
8. Ја исклучуваме ринглата и ја додаваме павлаката, која претходно сме ја изблендирале заедно со брашното.
9. Сосот убаво го промешуваме, и го спојуваме со тестенините. Може да се служи веднаш.
Добар апетит.
*Може да се употребат какви било тестенини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови