- Во брашното ставете ги сите состојки потребно за тестото освен маслото. Замесете не многу меко тесто кое ќе го домесите со маслото. Покријте и оставете да го зголеми двојно волуменот.
Формирање
- Еден дел од сирењето или кашкавалот исецкајте на коцки, другиот дел изрендајте на едрата страна од рендето.
- Откако стасало размесете и поделте на четири еднакви дела. Од секој еден дел издвојте 1/3 која, а остатокот од тој дел поделете на три дела.
- Направете со сукало или со рака округла форма, пренесете ја во тавката во која ќе печете за да одпосле кога ќе биат целосно формирани немате потешкотии за пренесување. Значи во самата тавка ги формирате. По работ на кората ставете од ренданото сирење или кашкавал, подигнеге ги краевите и завиткајте така да сирењето дојде внатре. Слободната површина која останува премачкајте со густиот јогурт, ставете од ренданото сирење или кашкавал, а внатре ставете ги трите дела од тестото кои сте ги истенчиле едно по едно, ставите од сецканото сирење или кашкавал и направете топче. Значи ќе ги ставите внатре сите три топчиња, меѓу нив тенко исечени парчиња од колбас. Така постапете и со останатите три дела од тестото. Наредете во плех и чекајте нека стасат.
Стасани печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30 мин, односно додека добие тестото убава боја.
Извадтете малку нека оладат и ви посакувам Бон Апетит.
Напомена
Ова е рецепт на Мучика, изворно ви го пренесов називот на рецептот.
- Јас денеска ставив сирење бидејки сакав да ги пробам со сирење.
- Две од нив откако ја премачкав средината со јогуртот ги посолив со лут буковец и ни беа пикантни. Следниот пат ќе ги премачкам со жолчка ако не заборавам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани